Latest posts

Одбрана и Безбедност
22 Sept, 20:04
Нова ескалација на Блискиот Исток?Повторно се забележува големо зголемување на американските сили на Блискиот Исток. Десетици авиони летачки танкери повторно се распоредени во базите во регионот, а меѓу другото, забележани се и мистериозни движења на американски борбени авиони. Плус воздушен мост на американската транспортна авијација. Енормно е зголемена активноста на американските авиони и беспилотни летала за извидување, радио-електронско војување и на други специјални авиони. Деновиве Иранците соборија летало што наликуваше на дрон во близина на теснецот Хормуз. Се испостави дека станува збор за ADM-160 MALD – мамка (опремена со капацитети за електронско војување и извидување) лансирана од авион со цел да се испровоцираат системите за противвоздушна одбрана да ги откријат своите шеми на распоредување и дејство. Американски стелт стратешки дронови RQ-180 за извидување повторно
Одбрана и Безбедност
22 Sept, 07:13
„Аматерите зборуваат за стратегија. Професионалците зборуваат за логистика.“ – Генерал Омар Бредли „Војската маршира преку својот стомак.“ – Наполеон Бонапарта „И најголемата војска ќе умре од глад за неколку дена.“ – Цар Веспазијан Уште од почетоците на војувањето
Одбрана и Безбедност
22 Sept, 07:11
„Аматерите зборуваат за стратегија. Професионалците зборуваат за логистика.“ – Генерал Омар Бредли „Војската маршира преку својот стомак.“ – Наполеон Бонапарта „И најголемата војска ќе умре од глад за неколку дена.“ – Цар Веспазијан Уште од почетоците на војувањето, најважна е гламурозната вештина на логистиката, а не марширањето. Самото обезбедување храна за војниците е огромна и тешка задача, особено ако истите се во воена кампања и се далеку од сопствената територија. Фотографијата го прикажува проценетиот дневен минимум за една легија составена од 4.000 до 5.000 легионери. Но во оваа бројка не се вклучени помошните трупи. Тука не се вклучени месото, овошјето и зеленчукот (кои зависат од достапноста и од сезоната), медицинските материјали, опремата за логорите, ниту пак металите, дрвото и кожата потребни за занаетчиите за изработка на разни предмети и оружје. Царот Трајан ангажирал
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 19:43
Затишје пред бура во ЈеменВо моментов, во Јемен на терен имаме оперативни пауза, додека двете страни продолжуваат со нанесувањето ракетни и воздушни напади. Хутите своите главни копнени борбени дејствија ги насочија во провинцијата Таиз и долж границата со соседната провинција Лахџ. Целта им беше да ги заземат двата пата што водат кон Аден. Тие во тоа успееја и целосно ги потиснаа просаудиските формации и јеменските владини трупи од планинските предели во регионот, а тоа им дава на Хутите тактичка предност. Но почнувајќи од средата офанзивата на Хутите запре бидејќи тие решија да направат оперативна пауза, се со цел воено да се прегрупираат и да се зацврстат на териториите кои што ги освоија, и да инсталираат своја власт и органи. Хутите започнаа со создавање на одбрамбени линии. Од друга страна, Саудиска Арабија продолжува со нанесување хаотични воздушни напади. Иако Ријад поседува
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 12:56
Како одговор на нападот врз нивниот главен град, Хутите извршија ракетен напад со балистички ракети врз саудискиот главен град Ријад. Ова е прв напад врз саудискиот главен град по повторното разгорување на војната. Погодени беа цели во близина на аеродромот во саудискиот главен град Ријад.
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 12:28
Саудиски воздушни напади врз Хутите Сана, главниот град на Јемен под контрола на Хутите, вчера беше цел на напади со камикази дронови од типот „SKYWASP“ произведени во Саудиска Арабија – кои претставуваат копии на иранскиот „Shahed-136“. „SKYWASP“ е првиот камиказа-дрон со голем дострел произведен во Саудиска Арабија. Станува збор за дрон со делта-крила, сличен на „Shahed-136“, произведен од компанијата „SR2Vector“ (заедничко вложување меѓу Саудиска Арабија и САД) по цена од приближно 35.000 долари по единица, со долет од околу 1.500 километри.
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 08:23
Како што се очекуваше, фарсата на Трамп во врска со Гренланд кулминираше со потпишување нов договор со Данска за проширување на американското воено-техничко присуство на островот. Веќе беше јасно дека островот има стратешко значење за САД – исто како што беше јасно дека Данска ќе им го даде на Американците она што го бараат.Трамп: Со задоволство објавувам дека Соединетите Американски Држави склучија договор со Кралството Данска и Гренланд, со кој на САД им се доделува трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на Гренланд, со што целосно се решаваат СИТЕ наши бројни американски загрижености. Тоа нема да ги чини САД ништо! По моја наредба, соработувавме со претставници на Данска и Гренланд за да гарантираме дека САД ЗАСЕКОГАШ ќе ја имаат целосната можност да го прават она што е неопходно на Гренланд, со цел да се обезбеди и заштити безбедноста на Гренланд и на Соединетите
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 06:42
Израелски „птици“ за Србија Во Србија е отворен нов стратешки објект – фабрика за дронови. Проектот беше реализиран од српската државна компанија за увоз „Југоимпорт-СДПР“ (која поседува удел од 49%) во партнерство со израелскиот гигант „Елбит Системс“ (Elbit
Одбрана и Безбедност
19 Sept, 06:42
Израелски „птици“ за СрбијаВо Србија е отворен нов стратешки објект – фабрика за дронови. Проектот беше реализиран од српската државна компанија за увоз „Југоимпорт-СДПР“ (која поседува удел од 49%) во партнерство со израелскиот гигант „Елбит Системс“ (Elbit Systems), кој обезбеди контролен удел од 51%. Фабриката ќе произведува две производни линии. Првата опфаќа FPV беспилотни летала и „лутачка муниција“ (loitering munitions), вклучувајќи ги израелскиот „Скајстрајкер“ (Skystriker), домашната „Осица“ и „Ланиус-X“ (Lanius-X) – мини-квадкоптер опремен со вештачка интелигенција, наменет за расчистување на објекти. Боевите глави за овие системи ќе ги испорачува српската фабрика „Крушик“ од Ваљево. Втората линија се состои од борбени беспилотни летала способни да летаат на височина до 6 км, вклучувајќи го и модернизираниот српски „Пегаз“. Идните планови вклучуваат воспоставување на
Одбрана и Безбедност
18 Sept, 15:34
Пекинг предупредува на „повторно појавување на милитаризмот“ на форумот „Сјангшан“Кинескиот министер за одбрана, Донг Џун, го отвори форумот „Сјангшан“ во Пекинг со изјава дека нациите мора да се спротивстават на „историскиот ревизионизам“, милитаризмот и обидите за менување на воспоставениот глобален поредок. Иако не беа упатени директни обвинувања, изјавата беше протолкувана како прикриен сигнал упатен кон Јапонија. „Мораме да ги паметиме поуките од историјата и да останеме будни пред какви било манифестации на хегемонизам, милитаризам и историски ревизионизам. Не смееме да замижуваме пред таквото однесување ниту да го толерираме. Со обединување на широките сили на правдата, мораме да го сузбиеме повторното појавување на историските остатоци од минатото“, изјави кинескиот министер. Говорот се одржа во услови на зголемени тензии околу Тајван и Јужното Кинеско Море, засилена воена
Одбрана и Безбедност
18 Sept, 12:19
Уште еден пробен лет на кинескиот борбен авион од шестата генерација Jian-50. Кина е лидер кога е во прашање развојот на борбени авиони од шестата генерација.
Одбрана и Безбедност
18 Sept, 10:59
Италијански воени загуби на Блискиот Исток Иако Италија не е во војна ниту со Иран ниту со Хутите, Италија трпи воени загуби на Блискиот Исток. Како што се наведува во соопштението на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето, италијански борбен авион
Одбрана и Безбедност
18 Sept, 10:52
Италијански воени загуби на Блискиот ИстокИако Италија не е во војна ниту со Иран ниту со Хутите, Италија трпи воени загуби на Блискиот Исток. Како што се наведува во соопштението на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето, италијански борбен авион „Еурофајтер Тајфун“ (F-2000) бил погоден за време на напад со ракети и беспилотни летала-камикази, извршен доцна во четвртокот од страна на силите на „Ансар Алах“ (Хути) врз саудиска воздухопловна база во близина на Таиф (Воздухопловната база „Крал Фахд“, лоцирана на аеродромот во Таиф, на околу 50–60 км од Мека). На базата е распореден италијански воздухопловен одред – составен од четири авиони „Еурофајтер Тајфун“, еден авион за рано предупредување и контрола од воздух E-550A CAEW и транспортни авиони/авиони-цистерни C-130J/KC-130J – со цел да се помогне во заштитата на Саудиска Арабија. Ова не е прва загуба што ја претрпело
Одбрана и Безбедност
17 Sept, 20:18
Морнариците на Грција и Израел спроведуваат заеднички поморски воени вежби во Средоземното море. Во последните години, Грција и Израел ја интензивираа воено-техничката соработка, и Израел за Грција денес е стратешки партнер во сферата на одбраната.
Одбрана и Безбедност
17 Sept, 20:11
Турција го изврши првото лансирање на балистичката ракета UAV-300 од беспилотно леталоБорбеното беспилотно летало „Bayraktar Akıncı“ на компанијата „Baykar“ за првпат успешно ја лансираше суперсоничната ракета UAV-300 кон цел оддалечена повеќе од 250 километри. Тестирањето се одвиваше над Црното Море, а снимки од настанот беа објавени на официјалните канали на компанијата на 11 септември. Како што може да се види на видеото, ракетата се одвои од платформата за лансирање, го активираше својот мотор и почна да лета по балистичка траекторија. Извршниот директор на „Roketsan“, Мурат Икинџи, го опиша ова како прво тестирање во полн обем на ракетата UAV-300 и изјави дека таа успешно ја погодила целта. Ракетата UAV-300 – во турските извори нарекувана и 300ER – е развиена од турскиот производител на ракети и одбранбена опрема „Roketsan“.
Одбрана и Безбедност
17 Sept, 18:34
Кина го забрзува развојот на напредното производствоКинескиот претседател Си Џинпинг наложи активности за забрзување на развојот на напредното производство, зголемување на самостојноста на индустриските синџири на снабдување и зајакнување на реалната економија. Овие насоки беа дадени за време на националната конференција одржана во Пекинг на 16 и 17 септември. Си Џинпинг повика на продолжување на транзицијата на кинеската индустрија кон паметно, зелено и интегрирано производство, при истовремено забрзување на воспоставувањето современ индустриски систем. Кинескиот премиер Ли Ќанг изјави дека главниот фокус мора да биде ставен на паметното производство од новата генерација, развојот на домашни високотехнолошки капацитети, нискојаглеродните индустрии и дигиталната трансформација на претпријатијата. Други приоритети вклучуваат зајакнување на фундаменталните истражувања, развој на клучни
Одбрана и Безбедност
17 Sept, 05:52
Кина тестира робот куче за гаснење пожариКина ги спроведе првите теренски тестирања на нов робот за гаснење пожари, изработен врз основа на платформа со четири нозе. Машината поседува заштита отпорна на топлина и може да функционира околу две минути при температури до 500°C, извршувајќи задачи како што се извидување на зоната на пожарот, лоцирање на изворите на палење, следење на нивото на токсични гасови и пребарување на настрадани лица во простории исполнети со чад. Роботот е наменет за употреба при индустриски несреќи, пожари во објекти со висок ризик (подложни на експлозија) и уривање на згради – ситуации во кои ангажирањето луѓе би претставувало сериозна опасност. Неговиот дизајн со четири нозе ја подобрува подвижноста преку урнатини и нерамни терени, овозможувајќи првична проценка на ситуацијата пред пристигнувањето на спасувачките екипи. Примарната цел на системот е да се
Одбрана и Безбедност
16 Sept, 19:15
Кина ќе интегрира нови технологии во системот за одбранбена мобилизацијаЗа првпат по 16 години, Кина го измени својот закон за национална одбранбена мобилизација, ставајќи поголем акцент на употребата на цивилни технологии за воени цели. Ажурираните прописи ќе стапат на сила на 1 октомври. Ревидираната верзија предвидува поширока примена на напредни технологии за задоволување на одбранбените потреби и развој на капацитетите за мобилизација во нови домени. Иако документот не ги прецизира конкретните технологии, експертите ги вбројуваат вештачката интелигенција, беспилотните системи, сајбер, био- и квантните технологии, како и технологиите за навигација и оние поврзани со електромагнетниот спектар. Покрај конвенционалната опрема и залихи, во резервите на вооружените сили се вклучени и податоци и софтвер. Во документот се наведува дека законот ќе се применува доколку националниот
Одбрана и Безбедност
16 Sept, 14:31
Хутите соборија саудиски авион Ф-15Во последните денови, саудиското воено воздухопловство започна голема воздушна кампања против Хутите во Јемен. Јеменското движење „Ансар Алах“ соопшти дека срушило саудиски борбен авион Ф-15 над провинцијата Мариб додека тој извршувал борбена мисија. Хутите тврдат дека Ф-15 бил соборен со противавионска ракета. Според соопштението на Хутите, Саудиска Арабија во текот на изминатата недела извршила над 600 воздушни напади користејќи борбени авиони Ф-15 и „Тајфун“, стационирани во воздухопловните бази Хамис Мушаит и Таиф. Нападите биле насочени кон области во провинциите Таиз, Лахџ, Ал-Џауф, Хаџа, Мариб, Саада и Ал-Бајда. По извештаите за соборувањето, Хутите изјавија дека саудиските борбени авиони Ф-15 и „Тајфун“ се обиделе да ги лоцираат остатоците од изгубеното летало во областа Мариб, но биле принудени да ја напуштат зоната откако наишле на јеменски
Одбрана и Безбедност
16 Sept, 14:25
🇨🇳 Нуклеарниот арсенал на Кина според прогнозите на SIPRI достгнал 620 боеви глави на почетокот на 2026 година (во 2024 година истипт изнесувал 500 боеви глави); од нив, 509 се наменети за копнената компонента, 72 за поморската и 20 за воздушната компонента. Од вкупно 45 ракетни бригади на Народноослободителната армија (PLA), 34 поседуваат нуклеарни капацитети и се опремени со системи DF-26, DF-31 и DF-41, како и со ракети DF-5A/B сместени во силоси. Во меѓувреме, Кина спроведува масовна модернизација на својата инфраструктура: се градат ракетни градови со силоси за интерконтинентални балистички ракети (ICBM) во Јумен и Хами (вкупно 320 силоси) и се воспоставуваат нови бази за ракетите DF-41 и DF-26, кои вклучуваат подземни капацитети за складирање. Дополнително, се прошируваат засолништата и подземните тунели за нуклеарни подморници во поморската база Лонгпо (Хаинан) и за
Followers write to the bot, you answer by reply, your account stays hidden. Created in one tap.
How it works →Related Channels
Other channels in the same section of the catalogue.
