Latest posts

КАРАН
22 Sept, 16:24
Рубио вели дека:„Гренланд ќе биде првата линија на одбрана на САД против ракетни напади“,Тогаш дали?„Украина е првата линија на напад на САД за ракетни напади“.„Одбраната“ и „Нападот“ имаат заеднички именител: РУСИЈА.
КАРАН
22 Sept, 03:15
НА ДЕН 22 СЕПТЕМВРИ❌2009 година починал Коле Чашуле (1921 - 2009, ⥉88) комунист, романописец, драмски писател, публицист, револуционер-првоборец, политичар и дипломат во СФРЈ. 1942 бил уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот полициски агент Мане Мачков, казната била преименувана во доживотна робија која ја издржувал во скопскиот затвор Идризово. 1946 како член на Судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје го осудил Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, на 11 години робија. Во СФРЈ генерален конзул во Канада, амбасадор во Боливија, Перу и Бразил. Министер за култура. Негови потомци се Слободан и Илија Чашуле.
КАРАН
22 Sept, 03:10
НА ДЕН 22 СЕПТЕМВРИ📌1983 година се родил Димитар Апасиев политичар. 2020/24, 2024/28 пратеник во Собранието на Македонија, УГД професор по римско право. Еден од водечките активисти на Движењето за социјална правда „Ленка“, како и основач, член на Президиумот и прв претседател на политичката партија „ЛЕВИЦА“, основана во ноември 2015 година.📌1983 година се родил Салим Сулејмани муфтија од Струга, политичар, член на АА (Арбен Таравари), 2024/25 пратеник во Собранието на Македонија, поднел оставка од фукцијата пратеник и од партијата АА, по расколот во АА.
КАРАН
22 Sept, 03:07
НА ДЕН 22 СЕПТЕМВРИ📎1903 година во селото Слоештица се сретнале Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев кои биле на чело на Битолскиот генерален штаб, за да донесат одлука дека борбата против Османлиската армија не може да се продолжи без помош од сојузничка војска. На оваа средба Сарафов предложил да се бара помош од Бугарија, па се обратиле писмено до бугарската влада. Тоа писмо и понатаму се злоупотребува од бугарската држава како наводен доказ дека Македонците се бугарски народ.📎1993 година во Бали, Индонезија, Македонија била примена во Светскиот совет за енергија.
КАРАН
21 Sept, 03:17
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ❌1908 година починал Атанас Бадев (1860 - 1908, ⥉48) македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори.
КАРАН
21 Sept, 03:16
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ❌❗️1903 година загинал во борба Тодор Христов (1878 - 1903, ⥉25) познат како Офицерчето, револуционер, офицер, член и раководител на МРО, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија. Заедно со 18 четници водел борба на планината Биљач, Скопско-Прешевско, загинал во борбата заедно со 11 четници.
КАРАН
21 Sept, 03:15
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ📌1968 година се родил Зоран Јовановски полковник, проф. д-р УГД Штип, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“.
КАРАН
21 Sept, 03:15
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ📌1941 година се родил Влaдо Поповски северџан, универзитетски УКИМ професор, правен факултет, член на СДС, член на ДПНЕ, учествувал во донесување на работниот текст на Уставот на Македонија од 1991 по стекнувањето на независност од СФРЈ, на два пати член на Советот за безбедност на Македонија именуван од претседателите на Македонија, советник на претседателите на Македонија: Киро Глигоров и Борис Трајковски, застапник на претседателот Борис Трајковски при донесувањето на амандманите на Уставот на Македонија донесени по Охридскиот рамковен договор, 1992/94 - МО министер во владата на СДСМ (Бранко Црвенковски), 1994/97 - МП министер, 1997/99 - прв директор на Агенцијата за разузнавање (АР), 2001/2 - МО министер. Советник за правни и политички прашања на премиерот Никола Груевски. 2017 учествувал на XVI вонреден конгрес на ДПНЕ на кој бил избран Христијан Мицковски за
КАРАН
21 Sept, 03:14
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ📌1927 година се родил Христо Полјански (1927 - 1985, ⥉58) историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985), долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ.
КАРАН
21 Sept, 03:11
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ📌1842 година се родил Абдул Хамид II (1842 - 1918, ⥉74) (османски. عبد الحميد ثانی, Abdü’l-Ḥamîd-i-sânî; тур. İkinci Abdülhamit) 34-тиот султан на Отоманското Царство во периодот 1876 - 1909, последен султан кој имал целосна контрола врз царството. Владеел во периодот на распаѓање на царството исполнет со постојани востанија, особено на Балканскиот Полуостров. Имал неуспешна војна против Руското Царство проследена со успешната војна против Грција во 1897 година. Владеел од 31 август 1876 година, сè додека не бил соборен по Младотурската револуција на 27 април 1909 година. Во согласност со договорот постигнат со републиканските Младотурци, го објавил првиот Османлиски устав на 23 декември 1876 година. 1878 повикувајќи се на несогласувања со парламентот, тој го суспендирал и краткотрајниот устав и парламент.
КАРАН
21 Sept, 03:09
НА ДЕН 21 СЕПТЕМВРИ📎1888 година Даме Груев го продолжил своето образование во Белград, откако бил протеран од Солунската гимназија заради организирање на ученички бунтови против наметнувањето на бугарскиот јазик и влијание врз учениците Македонци.📎1941 година бил формиран нов Покраински комитет на КПЈ за Македонија откако бил отсранет Методија Шаторов-Шарло, во новиот состав влегол Лазар Колишевски.📎1942 година бил формиран прилепскиот народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“.
КАРАН
20 Sept, 03:08
НА ДЕН 20 СЕПТЕМВРИ📌1955 година се родил Тодор Чепреганов историчар, научен советник и директор на Институтот за национална историја во Скопје. Член и потпретседател на политичката партија „ГРОМ“.
КАРАН
20 Sept, 03:07
НА ДЕН 20 СЕПТЕМВРИ📎1913 година сите востанички чети на Охридско-дебарското востание, вмровски и албански, биле принудени да отстапат на запад од Голо Брдо. Истиот ден раководителите на ВМРО биле информирани дека албанските чети се распуштаат и востаниците заедно со своите семејства се засолниле во Албанија. По оваа информација, Петар Чаулев дал наредба за распуштање на вмровските востанички чети и нивно трансформирање во мали единици, секоја со одделен војвода.📎1990 година Собранието на Македонија ги прогласило 25-те амандмани на Уставот на Македонија, според кои, меѓу другото, Македонија станала повеќепартиска држава.
КАРАН
19 Sept, 03:59
НА ДЕН 19 СЕПТЕМВРИ❌❗️1944 година загинал во борба Тодор Циповски - Мерџан (1920 - 1944, ⥉24) комунист, партизан, член на СКОЈ и КПЈ, учесник во НОВ. На 19 март 1943 година во неговата куќа била одржана првата седница на ЦК на КПМ. 1944 делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал во борба со балистите над селото Беличица, Мавровско. Народен херој на Македонија.
КАРАН
19 Sept, 03:58
НА ДЕН 19 СЕПТЕМВРИ❌❗️1944 година загинал во борба Ѓоце Стојчевски - Амбарче (1919 - 1944, ⥉25) комунист, член на КПЈ, учесник во НОВ, убиен од страна на балистите во борба кај селото Беличица. Народен херој на Македонија.
КАРАН
19 Sept, 03:57
НА ДЕН 19 СЕПТЕМВРИ📌1935 година се родил Хансјорг Вис (гер. Hansjörg Wyss) милијардер од Швајцарија, бизнисмен, донатор на политичките либерали во САД. Поранешен претседател и менаџер на компанијата Синтезис, која се занимавала со производство на медицински апарати. Неговата фондација има асети во вредност од околу две милијарди долари. Живее во САД од 1970тите но никогаш не побарал државјанство.
КАРАН
19 Sept, 03:55
НА ДЕН 19 СЕПТЕМВРИ📎1913 година востаниците од Охридско-дебарското востание воделе тешки борби кај Голо Брдо. Тука како поддршка на српските сили дошле грчки војници од југ. Селата околу Охрид биле освоени и опожарени од страна на српските чети кои успеале да влезат и во самиот град.📎1944 година рано утрото, околу 300 добро вооружени балисти предводени од Аѓим Речани го опколиле, нападнале и запалиле селото Беличица каде што биле убиени 38 лица. Во повеќе од шестчасовна борба, 19 македонски борци, партизани биле убиени, а четворица биле заробени. Двајца од заробените партизани подоцна биле стрелани. Само 12 партизани успеале да го пробијат обрачот и да се спасат од балистите. Откако го совладале отпорот на партизаните, балистите влегле во селото и прво се изживувале врз телата на убиените партизани, а потоа извршиле ѕверски масакр врз селаните, убиле 17 деца, жени и старци, кои
КАРАН
18 Sept, 14:14
Во петок постиме затоа што на тој ден беше распнат Господ Исус Христос. Со постот во тој ден и ние го распнуваме злото во себе за да се смилува Господ на нас недостојните, како што се смилува на разбојникот распнат до него.
КАРАН
18 Sept, 14:09
Некои внимаваат каква храна ќе внесат во себе, а се немарни за тоа какви зборови ќе изнесат од себе. Немаат научено да го изгонат гневот од своите срца и страстите од своето тело – како што вели проповедникот. Но, само на таков начин се соѕидува чисто срце кое Светиот Дух го обновува.- Преподобен Илија
КАРАН
18 Sept, 14:08
Не ја ограничувај добрината на постот само на воздржување во исхраната. Затоа што вистинскиот пост подразбира да не правиш ништо неправедно, да ги одврзеш врските на неправдата. Простете му на вашиот ближен за злото што ви го направи и заборавете го она што ви го должи. Вашиот пост да биде чист, без осудување и без расправии. Не може да не јадеш месо, а да го јадеш брата си. Да не пиеш вино, а да си полн со неправда. Ниту еден совет не може толку допре до душата на алчниот, колку средбата со воздржанието.- Василиј Велики
A feedback bot for your channel — free
Followers write to the bot, you answer by reply, your account stays hidden. Created in one tap.
How it works →Related Channels
Other channels in the same section of the catalogue.
