Latest posts

Општина Куманово
7 Aug 2024, 14:11
50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“ Денеска во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност.На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.
Општина Куманово
1 Aug 2024, 12:12
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски и овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, на претставници на здруженија им доделија договори за финансиска поддршка. Согласно програмата за развој на социјална заштита, а по одржан јавен повик, финансиска поддршка добија пет здруженија, кои вршат работи од социјална заштита. Средствата се наменети за реализација на нивните проекти, преку кои ќе бидат воспоставени социјални услуги бесплатни за одредени категории на граѓани.
Општина Куманово
31 Jul 2024, 12:27
Општина Куманово продолжува со реализација на мерката – остварување на право на народна кујна за ранливи категории на граѓани, согласно со надлежностите во Програмата за социјална заштита на Сектор за култура, спорт,социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Покрај оствареното право на користење на оброк на вкупно 73 граѓани, од утре бројката на корисници ќе биде зголемена и ќе изнесува 105 граѓани.За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде истакнато известување во просториите на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово.Јавниот повик за остварување на право на народна кујна продолжува и ќе трае до крајот на 2024 година.
Општина Куманово
31 Jul 2024, 12:26
Продолжува реализација на мерката – остварување на право на народна кујна
Општина Куманово
30 Jul 2024, 19:39
Пожари во КумановскоДенеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски заедно со командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Деан Илиевски и пратеникот Даниел Стојчевски беа во село Кокошиње, кое втор ден е зафатено со пожар. Екипите на ТППЕ Куманово се на терен и деноноќно работат на гаснење на пожарите, во соработка со месното население. Во текот на вчерашниот ден имаше 11 активни пожари, од кои 10 се изгаснати, а денеска има 2 нови и активни. Исто така имаше повеќе интервенции на пожари од помали размери: во населбата Перо Чичо, Спомен костурница Зебрњак, селото Никуштак, во близина на филтер станицата. Денеска Центарот за управување со кризи најави воздушна поддршка во гаснење на пожарот во најзагрозеното место во областа на село Кокошиње.
Општина Куманово
30 Jul 2024, 09:57
Програма на културни манифестации на Фондација за култура и спорт при општина Куманово за месец август 2024 година
Општина Куманово
25 Jul 2024, 11:23

Општина Куманово
25 Jul 2024, 11:23
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска беше домаќин на дипломатски претставници од повеќе земји. На пријателската средба присуствуваа амбасадорите на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, на Словачка Република, Н.Е. Хенрих Маркуш, амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Кшиштоф Гжелчик и претседателката на организација на културната дипломатија – “Добредојде Македонија”, Емилија Миладинова Аврамчева. Настанот е организиран според програмата на Секторот за меѓународна соработка и ЕУ интеграции, стратешко планирање, креирање на политики и ЛЕР при Општина Куманово, кој континуирано остварува соработка со претставници од меѓународните институции во Македонија. Во пригодна атмосфера се разговараше за досегашната успешна соработка и реализираните проекти, беа разменети искуства и се иницираа нови планови и идеи, кои би биле од значење за граѓаните на Општината. Во
Општина Куманово
11 Jul 2024, 12:19
Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 15.07.2024 година (понеделник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци. Третманот ќе се изврши на површина од 1.500 хектари: централно градско подрачје, прочистителна станица ЈП “Водовод” – с. Добрашане, по течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев, Тоде Мендол. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Општина Куманово
10 Jul 2024, 11:27
Градоначалникот на Општината и претседателката на Совет денеска остварија средба со претставници на Спортското здружение на мотоциклисти Мото клуб “Мечки”- Куманово. Средбата се одржа по повод одржаниот дводневен “Bears moto rock fest” на спортскиот аеродром Аџитепе, поддржан од општина Куманово. На средбата беа доделени благодарници на градоначалникот Димитриевски и на Советот на Општината за континуираната поддршка во беспрекорната организација и одржување на оваа традиционална музичка манифестација. И оваа година повеќето рок бендови од земјава и соседството понудија богата музичка програма, на задоволство на многубројната публика.
Општина Куманово
9 Jul 2024, 11:33
Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека краен рок за пријавување на штети од обилните врнежи од дожд и невремето што беше во изминатиот перид е до четврток (11.07.2024 година). Граѓаните кои имаат претрпено штети, треба да поднесат барање за каков вид на штета се работи преку архива на Општината или да се информираат на телефонскиот број 075/273-192
Општина Куманово
4 Jul 2024, 14:31
На 25 јуни 2024 година во просториите на „Семос едукација“ се одржа финалето на националните натпревари „Microsoft office specialist (MOS)“ и „Adobe certified professional (ACP)“, на кои учествуваа ученици од средните училишта од Скопје и Куманово. По тој повод денеска претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование Јовановиќ одржаа средба со наградените ученици од општинските училишта и менторите Марјан Спасиќ и Јасмина Денковска. Од вкупно 300 учесници на државниот натпревар, кумановските ученици влегоа во 10-те најдобри: Илина Арсовска од СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, Леонид Петковски, Георги Станојковски и Матеј Глигоријевски од ОСТУ “Наце Буѓони”, Матеј Спасиќ – ООУ “Браќа Миладиновци”. Учениците Арсовска и Петковски со освоени максимални поени, заедно со менторите се дел од тимот кој ќе ја претставува РСМ на глобален натпревар во MOS
Општина Куманово
3 Jul 2024, 12:35
Во тек е четириесет и втора седница на Совет на општина Куманово
Општина Куманово
2 Jul 2024, 10:42
Програма за културни манифестации на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово за месец Јули, 2024 година
Општина Куманово
28 Jun 2024, 12:18
Четиринаесеттото издание на детскиот ликовен камп заврши денеска, во ресторанот Грација во Куманово, каде беа изложени сите настанати уметнички дела. Традиционалната ликовна манифестација е во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. На четиридневниот камп учествуваа 30 талентирани ученици од општинските основни училишта, селектирани од нивните наставници. Во ликовното творење беа вклучени и корисниците на Дневен центар – “Порака наша”од Куманово. Учесниците имаа можност своите креативни дела да ги изработат во неколку техники (сликарство, монотипија и дизајн во областа на популарната уметност), под менторско водство на Симона Јакимовска и Елена Спасовска – Радошевиќ, ангажирани од Фондацијата. Детскиот ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2024, го посетија градоначалникот на Општина Куманово, Максим
Followers write to the bot, you answer by reply, your account stays hidden. Created in one tap.
How it works →Related Channels
Other channels in the same section of the catalogue.
